Со само 48 проценти завршени предмети од вкупно 1.392 поднесени барања за денационализација, општина Охрид сериозно заостанува зад другите градови, каде како на пример во Ресен тој процес е речиси завршен, соопшти Комисијата за денационализација.
Забрзување на процесот на денационализација е тема на работната средба што во организација на Комисијата за одлучување по барањата за денационализација за општините Охрид и Ресен со седиште во Охрид, при Министерството за финансии на Р.Македонија, ќе се одржи денеска во Охрид
На средбата учество ќе земат градоначалникот на општина Охрид, претставници на општинската администрација, претставници на Министерството за финансии, надлежните подрачни служби на одделни министерства, Државниот завод за геодетски работи, државниот Правобранител за подрачјето на Охрид, претседателот на основниот Суд во Охрид, Државниот Архив, Управата за имотно-правни работи, УЈП, и други.
Целта на работната средба е да се направи пресек на состојбата со денационализацијата во општина Охрид и да се направи конкретен договор на сите надлежни и инволвирани институции во овој процес со цел да се забрза процесот и да се оствари дадениот рок од страна на Владата за завршување на процесот на денационализацијата до 30. јуни годинава.
ohridnews