Годинава е предвидено да се изврши козервација на повеќе цркви и други сакрални објекти во охридско.

Во програмата на Заводот и Музеј Охрид, предвидена е конзервација на живописот во црквата Си Свети с. Лешани (втора фаза), конзервација и реставрација на црквата Св. Константин и Елена во Охрид, како и конзервација на архитектурата на црквите Св. Четириесет маченици во Охрид и на Св.Никола во с. Косел. Исто така се предвидува конзервација и ревитализација на Воска амамот и на амамот Мустафа Челеби.

Покрај ова во план е изработка на конзерваторски проект за санација и конзервација на пештерната црква Воведение на Богородица – комплекс Канео и истражувачки работи и подготовка на елаборат за конзервација и реставрација на живописот од црквата Св. Богородица – Захумска.

Ohridnews