Во рамките на своите активности за подготвеност и дејствување при несреќи, а со цел подигање на нивото на координираност и заедничко делување во случај на несреќи, Црвен крст Охрид во соработка со Центарот за управување со кризи, СВР Охрид, Службата за итна медицинска помош, Територијалната протпивпожарна бригада и Општина Охрид ќе реализира јавна показна вежба на евакуација на учениците и вработените во ОСУ  „Кирил и Методиј“ при случена несреќа според соодветно сценарио. Вежбата, воедно ќе биде и можност за проверка на капацитетите на ОСУ  „Кирил и Методиј“ имплементацијата на планот за евакуација при несреќи во училиштето, што од страна на Црвен крст Охрид беше изготвен за потребите на училиштето во 2010 година.

Вежбата ќе се реализира утре, понеделник, со почеток во 10.45 часот. Заинтересираните граѓани, показната вежба ќе можат да ја следат од  посебно обележен простор во кругот на училиштето. Воедно се информираат граѓаните кои живеат во близина на училиштето дека во периодот од 10.45 до 11.15 часот ќе бидат користени сирени на противпожарните и амбулантски возила. Од општинскиот Црвен крст се извинуваат за вознемирувањето.

OhridNews