Владата размислува да го врати старото решение, зелениот картон да може да се вади со важност и од неколку месеци, објавија националните медиуми.
Владини извори за телевизијата „24 Вести“ информирале дека прашањето било отворено на владината седница што се одржа минатата недела, по што министрите се сложиле дека треба да се подготви анализа и да се разгледа опцијата на пазарот да се нуди зелени картон со важност од еден месец, три месеци или една година.
Министерството за финансии заедно со осигурителните компании ќе го истражуваат пазарот за да се оцени состојбата, но и можната цена на едномесечниот зелен картон.
Заклучоците ќе бидат презентирани на следниот економски совет, по што ќе се донесе конечната одлука. До 2011 година, цената на зелената карта беше резлична во зависност од видот на возилото и од периодот на важност.
OhridNews
Извор: „24 Вести“