Идните родители кои ќе сакаат да посвoјат дете, од домовите за деца без родители во Република Македонија, ќе се избираат по елекронски  пат. Оваа новина е дел од Предлог измените на Законот за семејство, кој треба да се усвои во собраниска процедура.

-Кога ќе има дете за посвојување ќе се  избираат пет потенцијални посвоители од регистарот на посвоители. Карактеристиките на петте брачни парови, потенцијални посвоители, под шифра ќе се доставуваат до Комисијата која што ќе донесува одлука за изборот на посвоители. –се вели во предлог законот.


За да се избегнат можностите за злоупотреби, планирани се измени и во составот на Комисијата која ќе брои 15 членови со двогодишен мандат, наместо досегашните пет члена, кои имаат мандат од пет години.   Во измените  на законот се предвидува и одземање на родителско то право на лица, кои што оставиле деца во домови за деца без родители, но не се откажуваат од родителското право, поради што децата не може да се дадат на посвојување.

Веќе е извршена обука на лицата коишто ќе ги спроведуваат предвидените новини, а изготвен е и специјален компјутерски софтвер. Во Македонија годишно се посвојуваат од 60 до 80 деца.

OhridNews