Ќе се вештачи моторот на авионот што падна во близина на охридското село Скребатно – на 28 август, при што загинаа четири лица. На овој начин според експертите со точност ќе се утврди каква била состојбата на моторот кој два месеци пред падот бил репариран во Србија.

Во анализата на моторот ќе се вклучат и експерти од Србија со цел да се утврдат сите аспекти кои влијаеле на падот на авионот.


Првично извори на истрагата информираа дека причина за падот на авионот бил нискиот лет поради што леталото ја загубило брзината и се урнало.

Ohridnews