После пет месеци раздвоеност возачот на формула 1 Луис Хамилтон и пејачката Никол Шерцингер повторно се заедно. Познатиот пар сфатил дека не можат еден без друг и им се препуштил на чувствата. За нивното помирување најмногу се залагал таткото на Луис, а светските медиуми тврдат дека возачот и Никол наскоро ќе се венчаат.


Минатата сезона во формула 1 била многу напорна за Луис, бидејќи никако не можел да се концентрира на возењето, а добро упатените извори тврдат дека разделувањето од пејачката било многу стресно за него, што се одразило врз неговите резултати. Никол и Хамилтон ја раскинале врската во октомври минатата година, а убавите вести дека повторно се заедно стојат и на твитер профилот на Луис, на кој објавил фотографија од концертот на Никол во Ирска, на кој стоел покрај сцената. Парот бил виден и во Монако како се држат за рака.