Мила Кунис и славниот холивудски заводник Ештон Качер, по нешто повеќе од една година врска планираат свадба. Парот планира венчавка оваа есен, а Ештон одлучил Мила за медениот месец да ја носи во вселената. Имено, тој е меѓу првите кои резервирал место во комерцијалните летови на Вирџин Галактик, кој наскоро богатите ќе ги води во вселената. Исто така сега резервирал место и за својата партнерка Мила Кунис.
Извор близок на парот рекол дека одлучиле свадбата да биде на есен на една од плажите во Сан Тропе. Да потсетиме, Ештон и Деми Мур неодамна постигнале договор за бракоразводната парница откако кон крајот на 2011 било откриено дека ја изневерил со Сара Леал. Затоа Деми, со која бил во брак седум години, ќе му земе 18 милиони долари бидејќи го прекршил предбрачниот договор.