Шведската принцеза Мадлена, најмлада од трите деца на кралот Густаф и кралицата Силвија, се верила за американскиот бизнисмен Крис О’Нил, јавила кралската палата во Лондон. Принцезата која има 30 години во интервју кое било објавено на веб страната на палатата рекла дека обајцата биле многу среќни и дека тоа бил посебен ден за нив.

Таа навела дека датумот на свадбата сеуште не е утврден, но и дека церемонијата ќе биде одржана следното лето. Парот се запознал во Њујорк каде Мадлена живее од април 2010 кога ја раскинала веридбата со адвокат от Стокхолм, кој според медиумите ја изневерувал. Крис ја запросил принцезата на почетокот на октомври откако од шведскиот крал ја побарал нејзината рака.