Пипа Мидлтон по се изгледа конечно го пронашла вистинскиот. Станува збор за банкарот Нико Џексон со кој е во врска околу еден месец, а судејќи по изјавите на нејзините пријатели, би можела наскоро да се омажи. Медиумите објавиле дека веридбата ќе ја објават откако Кејт ќе го роди своето прво дете со принцот Вилијам.

Нико бил воодушевен од Пипа, никогаш не бил посреќен и навистина многу ја сакал. Младиот пар веќе привлекол големо медиумско внимание, посебно последниве неколку дена на Вимблдон, каде не се одвојувале еден од друг и разменувале бакнежи пред присутните. Наводно и самата Пипа порачала дека Нико е оној вистинскиот, а веќе планирала да се пресели во неговиот стан во саут Кенсингтон.