Актерката Мег Рајан се верила по само шест месеци врска со музичарот Џон Мелакамп, но прашањето е дали тој ќе успее да се разведе пред закажаниот датум на венчавката. Парот планира да се венча во јуни, иако сеуште не се знае кога Џон правно ќе стави крај на бракот со сопругата Елејн Ирвин, со која бил во брак полни 18 години.
Децата на Џон мислат дека тој не би требало за брзо да се ожени со друга жена, но тој истакнал дека Мег е жената која тој отсекогаш ја посакувал. Инаку, ова него ќе му биде четврти брак, додека актерката ќе се венча по втор пат, по бракот со Денис Квејд.