Холивудската актерка Хали Бери наводно ќе се венча за францускиот колега Оливие Мартинез. Мартинез, кој 45-годишната актерка ја запознал на снимањето на филмот “Dark Tide” во 2010 година, ја запросил со прстен од дијаманти и смарагди. Францускиот срцекршач претходно бил во врска со австралиската поп пејачка Кајли Миног.
Хали Бери веќе два пати била во брак. Прв пат со безбол играчот Дејвид Џастис, а вториот пат со пејачот Ерик Бенет. Исто така има и ќерка од претходната врска со Габриел Обри. Портпаролот на актерката не бил достапен за коментар.