Елтон Џон и Дејвид Фурниш имаат намера да ја официјализираат својата врска долга 18 години. Парот кој во 2005 година склопил граѓанско партнерство, планира да покани 50 пријатели на имотот во Виндзор, на југот на Англија. Според медиумите, венчавката ќе биде одржана на 21 декември, а прстените ќе ги носат синовите на младоженците, Закарија и Илајаџа.
Извор близок до парот рекол дека Елтон навикнал на раскош, но овој пат церемонијата ќе биде скромна. Тоа ќе биде мала и интимна свадба. Елтон и Дејвид сакаат нивните деца да имаат специјална улога. Иако малкубројни, сватовите ќе бидат се само познати ѕвезди. Засега се знае дека на венчавката ќе присуствуваат Дејвид и Викторија Бекам, Ози Озборн и Елизабет Харли. Велика Британија минатата година усвоила закон за легализација на геј браковите кој пред неколку денови стапил на сила.