Популарната пејачка Џенифер Лопез чиј развод од колегата Марк Ентони сеуште е во тек, наводно ќе се венча за своето 24-годишно момче Каспер Смарт, пренесуваат американските таблоиди.


Гласините околу венчавката на Џенифер Лопез започнале кога популарниот дизајнер Роберто Кавали на својот Твитер профил напишал дека пејачката побарала од него да му креира венчаница. Таа наводно побарала специјален фустан за нејзината следна венчавка и го запрашала дали има некаков предлог околу изгледот и бојата.