Латиноамериканската актерка и пејачка Џенифер Лопез, според пишувањата на светските медиуми, ќе се венча по четврти пат за 24 години помладиот Каспер Смарт. Таа наводно уживала со своето ново момче и сериозно размислувала да се омажи.
Извор близок на пејачката рекол дека таа на пријателите им рекла дека би се омажила за Каспер. Многу била вљубена во него, а тој и давал поддршка во се и поради тоа била посреќна од било кога претходно. Изворот додал дека посебно и се допаѓало тоа што е главна во врската, бидејќи нејзиниот поранешен сопруг Марк Ентони сакал да контролира се. Џенифер и Каспер моментално се на светска турнеја со пејачот енрике Иглесијас, и не се разделуваат.