Легендарната американска соул пејачка Арета Френклин изјавила дека е спремна да стапи во брак со својот долгогодишен партнер Вилијам Вилкерсон. Таа има речиси 70 години, а се пошегувала на своја сметка велејќи дека не е во блажена состојба.

Арета Френклин зад себе веќе има два брака. Таа е добитник на 20 Греми награди, кои претставуваат најголемо признание во американската музичка индустрија.