Согласно програмата за поставување на урбана опрема во општина Охрид, утре, 20- ти февруари, со почеток во 15  часот во малата сала на општина Охрид, ќе се одржи работен состанок на кој ќе присуствуваат надлежните служби при локалната самоуправа и угостителите .

Предвидено е на состанокот да се расправа околу утврдувањето на измените на правилникот и ценовникот за поставување на урбана опрема и начинот за утврдување на површината за користење на урбаната опрема.

OhridNews