Општината на тендер избрала фирма извршител која деновиве треба да започне со уривањето на објектите за кои е донесено решение за отстранување.
Акцијата општина Охрид ја најавува подолг период. На проблемот со дивоградбите во стариот дел на градот исто така укажува и Заводот и Музеј од каде очекуваат надлежните општински служби да постапат по пријавите за нарушување на автентичноста на заштитеното градско јадро.
Во изјава за Ohridnews дадена неодамна градоначалникот Петрески најавувајќи ја акцијата за справување со дивоградбите упати апел до граѓаните сами да ги отстранат нелегално изградените потпокриви, скали и друго, во спротивно тоа ќе мора да го направи општината, предупреди првиот човек на Охрид.