Родната куќа на легендарниот тапанар на Битлси, Ринго Стар, во Ливерпул е во опасност да биде урната во рамките на планот за реновирање на цел еден кварт во најголемото британско пристаниште.

Сепак, според пишувањето на британските медиуми, државниот секретар за станбени прашања бил вознемирен од можноста дека „родната куќа на тапанарот на најпознатата група на светот“ може да биде урната и од градските власти на Ливерпул побарал повторно да ја разгледаат својата одлука.


Имено, ливерпулските градски власти предвиделе уривање на 445 куќи кои датираат од периодот од пред 1919 г., а на местото на куќата во улицата „Мејдрин Ст“ бр. 9, во која е роден и живеел три месеци Ринго Стар со вистинско име Ричард Старки, треба да се изградат нови станбени блокови. Отежителна околност за оние што сакаат да ја сочуваат куќата на Ринго како реликвија, е и тоа што повеќето жители од овој кварт сакаат да се изградат нови станови.

Обожавателите на Битлси и здружението Саве Бритаин’с Херитаге имаат сосема спротивна намера. Тие собираат петиција со која се повикува британското Министерство за градежништво да се ангажира за зачувување на куќата на Ринго Стар, а државниот секретар Грент Шапс веќе испратил официјален допис до локалните власти во Ливерпул.

Родните куќи на другите двајца Битлси, Џон Ленон и Пол Макарти се под владение на  здружението Натионал Труст кое се грижи за заштита на културното наследство и тие се важни туристички атракции во Ливепрул, а додека во куќата во која е роден Џорџ Харисон живее ново семејство.

„Каверн клуб“-от во кој Битлси како анонимна локална група првпат настапиле е урнат во 1970-те.

“Извор Макфакс“
Ohridnews