Покрај зградата во која некогаш беше сместена градската библиотека, ќе се урива и хангарот во кој се сместени веслачкиот клуб „Југ“ и кајак-кану клубот „Стрмец“, дознава Ohridnews.

Тоа ќе биде направено за да се отвори просторот кон болничките цркви Свети Никола и Света Богородица, со што до израз ќе дојде културното наследство на Охрид, ни изјави градоначалникот Александар Петрески. „Би требало да се урне хангарот затоа што позади него се влезовите на болничките цркви“, рече Петрески.


ќе се урива и хангарот на ВК „Југ“ и КК „Стрмец“ ?

Во веслачкиот клуб се изненадени од ваквите најави на првиот човек на Охрид. Прв пат од вас слушам ни рече Климе Матилоски, од ВК „Југ“. Нас никој досега не ни кажал за нешто такво, но доколку градот се одлучил да го урива хангарот ред е најпрвин да ни ибезбеди соодветен простор каде клубовите на вода би можеле да работат, кусо ни одговори Матилоски.

Г. Момироски