Просторот околу споменикот на холандскиот писател А. Ден Долард во близина на кејот, ќе се уредува. Во паркот ќе се изградат патеки и ќе се дотера околината, информираат од локалната самоуправа. Ќе се поправаат и оштетените делови на споменикот.


Интервенцијата треба да заврши до 30 април кога во Охрид ќе се одржи прославата на  Денот на холандската кралица. Организациските подготовки се во тек и се реализират во соработка на општината со Амбасадата на кралството Холандија во Македонија.


Денот на холандската кралица се совпаѓа со доаѓањето на првата група на холандски туристи во Охрид. Според најавите првата група од околу 5000 холандски туристи колку што се очекува да дојдат оваа година во Македонија ќе пристигне  на 29 април со чартер на „Трансавиа“, а во план е и воспоставување на директна редовна линија со Амстердам.

OhridNews
фото: Емилио