Со донација во висина од околу 7000 евра што ја обезбеди германското друштво за техничка соработка,  деновиве треба да започне долго најавуваното уредување на просторот кај Билјанините извори.

Со проектот е предвидено да се изврши санација на постоечките базени, осветлување на просторот, поставување клупи за одмор и монтажа на детски забавни реквизити,  поставување информативни табли на македонски, германски, англиски, уредување на патеките во локалитетот и хортикултурно уредување на целиот простор кај  Билјанини извори.

Ова култно место, некогаш омилено кај охриѓани, редовно го посетуваат странските гости. Но, наместо репрезентативен симбол на градот, со години тоа е најзапуштен простор во Охрид. Со предвидените зафати, Билјанини извори малку ќе се поддотераат, но според експертите овој простор треба многу подобро да се осмисли од тоа што тој претствува денес.

Г.М.