Охридската локална самоуправа во текот на наредниот период планира да го уреди  каналот на реката Грашница јужно од булеварот „Туристичка“ покрај улицата „Аџи Мустафа“. Исто така планирано е и уредување на речно корито во село Пештани.

За таа цел деновиве преку Електронскиот систем за јавни набавки беше објавен Јавен оглас, чија вкупна вредност е околу 59.000 евра или точно 3.658.275 денари. Критериум за избор на изведувачот ќе биде најниската понудана цена, а рокот за поднесување на понудите истекува на 25-ти август 2015 година во 13 часот.

Инаку во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште од 2015 до 2017 година предвидено е уредување на коритото на реката Грашница. Целта на оваа програма, која ја изработи Секторот за комунален развој, сообраќај и улици е да ги реши комуналните проблеми со кои се соочуваат граѓаните и да обезбеди  основни  услови  за  развој  на  општината.

OhridNews