На наредната седница на Советот што ќе се одржи на 27-ми октомври   ќе се најдат и предлог – одлуките за утврдување на Нацрт – деталните урбанистички планови со кои урбанистички се уредуваат делови од 6 Урбани заедници чија вкупна  површина изнесува 60,90 хектари.  

Станува збор за делови од градот кај хотел „Дончо“, кај некогашните оранжерии во Горна Влашка Маала, кај новата Автобуска станица и просторот помеѓу Историскиот архив и Т.Ц. „Трудбеник“, информираат од локалната самоуправа.

Нацрт-ДУП за Урбаната заедница 5 урбан блок 5.3 (кај хотел „Дончо“) кој треба да се утврди на наредната седница,опфаќа површина од 12.2 хектари а за граници на опфатот ги има улиците: „Туристичка“, „Пирин Планина“, „Прв градски ринг“ и И. Дуданоски.

Нацрт-ДУП за Урбана заедница 10 урбан блок 10.4 и Урбана заедница 11 урбан блок 11.1 (кај некогашните оранжерии во Г.В. Маала) опфаќа површина од 27,5 хектари а за граници на опфатот ги има улиците: „Прва македонска ударна бригада“, „Железничка“, „Седми Ноември“, „Питу Гули“ и по границите на парцелите.

Нацрт-ДУП за Урбана заедница 8 урбан блок 8.1 опфат 2 (простор помеѓу Историски Архив и Т.Ц. „Трудбеник“) опфаќа површина од 6,85 хектари а за граници на опфатот ги има  булеварите „Туристичка“ и „АСНОМ“, улицата „Никола Карев“ и границите на парцелите.

Нацрт-ДУП за Урбана заедница 9 урбан блок 9.4 и Урбана заедница 15 дел од урбан блок 15.5 (простор кај новата Автобуска станица) опфаќа површина од 14,35 хектари. Граници на опфатот се улиците: „Кленоец“, „Седми Ноември“, „15.Корпус“ и граници на парцелите, соопшти локалната самоуправа.

Ohridnews