Локалната самоуправа упати апел до  сопствениците на пловните објекти кои се лоцирани на делот кај Сараиште и градското пристаниште, истите да ги отстранат најдоцна до недела 14.01.2007г, заради подготовка на просторот за престојниот празник Богојавление-Водици.
 
Доколку тоа не го направат, Комуналната инспекција принудно ќе ги дислоцира , а трошокот и евентуалните штети паднат на товар  на сопствениците.

Подготовките за одбележување на Водици се во полн ек. Од здружението за целосна афирмација на МПЦ, “Богојавление“, информираат дека подготовките течат според зацртаниот план и дека Охрид годинава е подготвен за уште еден спектакл. Целта на организаторите е централната манифестација по повод големиот православен празник Водици да се одржува во Охрид, а придонес кон реализирањето на таквата идеја деновиве дадоа и хотелиерите кои ги намалија цените на пансионите за Василица и Водици за 40%.