На празникот „Преподобна Макрина и преподобен Диј“, во селото Злести на 1 август (сабота), ќе се изврши чинот на осветување на манастирскиот храм посветен на  Пресвета Богородица.

По тој повод  во 8.30 часот ќе се отслужи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј со повеќемина свештенослужители.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

Ohridnews