Субвенции во висина од 16.000 денари месечно, во период од половина година, ќе добиваат фирмите кои ќе вработаат жени-жртви на семејно насилство.

Ова е предвидено со програмата за економско јакнење на жртвите на семејно насилство која се изработува од страна на Министерството за труд и социјална политика. Како што истакна Ленче Коцевска од МТСП, се очекува програмата да би завршена до крајот на декември и да биде објавена од страна на надлежното министерство.

Економската зависност е една од најчестите причини поради која жените го кријат и трпат насилството. Жртвите преку вработувањето, доколку имаат услови да си обезбедат егзистенција, ќе имаат далеку повеќе храброст да го пријават насилството и да се спасат од насилникот. 

Програмата за економско јакнење на жртвите на семејно насилство финансиски е поддржана од UNDP и Кралството Холандија.

OhridNews