– Стојам и на тоа што го ветив, дека ќе почекаме да стапи на сила новиот Закон за легализација, за да се спаси и да не се руши она што може да се легализира. Значи се она што може да се вклопи нема да се руши. Општинските инспектори во соработка со Заводот за заштита на спомениците веќе одамна ја имаат изготвено листата на објекти кои треба да се срушат, а исто така е избрана и фирмата која ќе го изведува рушењето.–рече Петрески.
Тој упати апел до сите охриѓани кои живеат во стариот дел на градот, доколку имаат дивоградби кои не може да се легализираат, сами да ги срушат, за да не се изложуваат на дополнителни трошоци и штети.
Акцијата за рушењето на дивоградбите, Општина Охрид ја најавува околу пет месеци, но сеуште ништо не е реализирано.