Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид утре ќе спроведе акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) во с.Пештани.

Од јавното претпријатие апелираат до жителите доколку имаат ваков отпад да го извадат покрај централната улица “Св.Наум Охридски” почнувајќи од почетокот на селото па се’ до х.Десарет.

Ohridnews