Наместо досегашното диктирање на записниците од страна на судиите, Министертвото за правда, наскоро ќе воведе аудио снимање на судските постапки и рочишта.
Ова е дел од Проектот, посветен на новините во судската постапка, кој министертвото го реализира со поддршка на УСАИД-ДПК. Според планираното, се предвидува во сите судови во Република Македонија да се инсталира аудио опрема за снимање на главните претреси и рочиштата. Аудио снимањето ќе се воведе најпрво во граѓанските, а потоа и во кривичните постапки.
Покрај техничката промена, Министертвото за правда ги подготвува и предлог измените и дополнувањата на законите, според кои наместо прераскажување на исказите од страна на судијата, во записник од расправата, судењата ќе се снимаат тонски.
Проектот во значителна мера ќе придонесе за ефикасност , објективност и веродостојност на текот на судските постапки. За ракување со аудио техниката за тонско снимање се предвидува едукација на судскиот персонал и на судиите.
Се поголем е бројот на ученици кои се запишуваат во дуалните паралелки во трите средни стручни училишта во Охрид Овој позитивниот тренд, за жал, не соодетствува со задржување на младите во Охрид и ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во „Студио 10” на Телевизија 24, говореше за новите измени на законот за Електронски комуникации во кој што е предвидено да се забра...
Во текот на јануари оваа година, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во водите на Охридското Езеро, самостојно, но и во соработка со Државниот инспект...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.