Иако филмот „Ајрон мен 3“ моментално е филм со најголема остварена добивка во првата седмица од прикажувањето, „Аватар“ и понатаму е филм со најголема заработка во филмската индустрија во вредност од 2,8 милијарди долари. Токму поради овој податок Џејмс Камерон одлучил да направи второ и трето продолжение од овој филм, а главната актерка Зои Салдана потврдила дека снимањето ќе започне на почетокот на 2014 година.

Актерката објаснила дека најверојатно ќе ги снимаат двете продолженија истовремено. Објаснила дека снимањето е многу долг и тежок процес. Премиерата на второто продолжение од оваа популарна приказна за имагинарна планета, и човечките намери да ја преземат од нејзините вистински жители, е закажана за 2015 година.