Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер најавил на својата фан страница дека мовиот „Терминатор 5“ ќе почне со снимање во јануари 2014 година. Тој на својата страница напишал дека е многу среќен што студиото го сака токму него во филмот и што повторно ќе го глуми Терминатор.
Така овој актер уште еднаш ќе се појави во улогата која му ја обележала кариерата, но многу критичари веќе сега прашуваат како ќе ја одигра со оглед на тоа што има 65 години. Режисерот сеуште не бил познат, а филмот својата премиера би требало да ја доживее во 2015 година.