По повеќемесечните нагаѓања и шпекулации, конечно била потврдена веста дека ќе се снима продолжение на американската култна серија „Сексот и градот“. Студиото „New Line Cinema“ соопштило дека телевизиската мрежа CW нарачала пилот епизода од креаторите на популарната тинејџерска серија „Gossip Girl“. Двајцата продуценти ќе имаат помош од сценаристките на серијата „Сексот и градот“.
Новиот серијал овој пат ќе се обраќа на помладата публика, бидејќи главната јунакиња Кери Бредшоу ќе биде претставена како тинејџерка. Прашањето кое најмногу ја интересира јавноста е тоа кој ќе се појави во улогите на Кери, Саманта, Миранда и Шарлот. Погодувањата веќе започнале. а имињата кои најчесто се споменуваат се Блејк Лајвли и Мајли Сајрус во улогата не Кери.