Американската телевизиска мрежа “ABC family” најавила ново, петто продолжение на филмот „Сам дома“. Како што е најавено филмот “Alone in the Dark” премиерно ќе биде прикажан кон крајот на годинава. Јунак на филмот ќе биде осумгодишниот Фин, кој е убеден дека неговата куќа е опседната со духови. Заедно со својата сестра, со која останува сам дома додека неговите родители се на другиот крај од градот, тој поставува замки како би ги фатил духовите, но во нив всушност ќе фати крадци.
Филмот „Сам дома“ со Меколи Калкин во главната улога бил снимен во 1990 година, а две години подоцна се појавил и вториот дел со истиот актер. Двата филма доживеале огромен успех. Третото продолжение, во кое улога имала и тогаш младата Скарлет Јохансон, бил снимен во 1997 година и исто така привлекол големо внимание кај публиката. Четвртото продолжение било прикажано во 2002 година.