Иако зесега е неофицијална информација, Кијану Ривс започал низа гласини за оживување на легендарниот филм „Матрикс“. За време на промоцијата на својот нов филм “Henry’s Crime” во Лондон, актерот лично ја започнал лавината гласини, која довела до изјавата дека браќата Вачовски веќе ги завршиле сите припреми за две нови продолженија на серијалот „Матрикс“. И тоа не било се. Славните браќа наводно се состанале со Џејмс Камерон како би ги дознале сите аспекти за новата 3Д технологија, и истата би ја примениле.

Меѓутоа, бидејќи браќата Вачовски моментално работат на неколку нови проекти, вклучувајќи ја и адаптацијата на романот “Cloud Atlas” со Том Хенкс, Хали Бери и Натали Портман во главните улоги, за сега никој не знае колку точно време ќе мине до новиот „Матрикс“, како ни тоа дали проектот навистина ќе биде реализиран.