Осмото продолжение од филмската франшиза „Fast and furious“ во кината пристигнува во 2017 година, најавил актерот Вин Дизел. Седмиот дел од серијалот на кино благајните заработи преку една милијарда долари и тоа е последното продолжение во кое играше Пол Вокер, кој погинал додека се снимал филмот. Дизел рекол дека ќе го направат најдобриот филм кој досега сме го гледале.

 

Холивуд Рипортер пренесува дека премиерата на овој филм се очекува на 14 април 2017 година. Бидејќи Пол Вокер погинал во сообраќајна несреќа кога бил снимен само половина од филмот, неговиот лик бил компјутерски уфрлен, а биле користени и дублери. Дизел не открил други детали околу филмот, како ни тоа дали во него повторно ќе се појават Двејн Џонсон, Мишел Родригез, Џордана Брустер, Курт Расел и Џејсон Статам.