Режисерот Џастин Курсеи објави дека на крајот на годината ќе започне снимањето на филмот според мотивите од играта „Assassin’s creed“, во кој главните улоги ќе ги играат Мајкл Фасбендер и Марион Котијар.

Заснован на играта на „Ubisoft“, која е продадена во повеќе од 90 милиони копии ширум светот, филмот ќе биде премиерено прикажан во декември 2016 година.

„Осудениот злосторник е регрутиран од страна на компанијата Абстерго за да ги истражи умовите на своите предци, за да пронајде една света реликвија“, наведува веб страната „imdb.com“ во описот на филмот.

Фасбендер беше номиниран за Оскар за споредна улога во филмот „12 години ропство“, додека Котијар ја освои престижната златна статуетка за улогата во филмот „Живот во розово“. Тие двајца веќе глумеа заедно во филмот „Макбет“ на истиот режисер, кој оваа година ќе биде премиерно прикажан.

Последното продолжение на играта „Assassin’s creed – Unity“ е објавено на крајот на минатата година, а новото, кое ќе се вика „Assassin’s creed – Victory“ ќе излезе на крајот на оваа година.

OhridNews

Извор:Zazabava