Елтон Џон би сакал во филмот кој ќе се снима за неговиот живот главната улога да ја добие Џастин Тимберлејк. Аудицијата за главната улога ќе биде одржана наскоро, а голема желба на главниот јунак е тоа да биде актерот и пејач Џастин Тимберлејк.

Елтон Џон рекол дека за овој филм ќе сними неколку нови нумери, а појаснил дека филмот нема да биде премногу базиран на автентични случувања. Рекол дека не сака да сними обичен биографски филм, бидејќи неговиот живот бил се само не обичен. Сценариото за филмот ќе го напише Ли Хал, автор на сценариото за филмот Били Елиот.