Согласно програмата за работа на министерството за култура, годинава предвидено е вработени од Завод и музеј Охрид  да извршат конзервација на фасадите од две куќи во стариот дел од градот, а ќе се санираат и покривите од  два објекта чии фасади за санација се предвидени наредната година, информира министерката за култура, Елизабета Канческа- Милеска .

Годинава целосно треба да заврши и заштитата на црквата „ Св. Богородица Перивлепта“  која се реализира со помош на грант од Амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство на САД.

Охридскиот Завод и музеј ќе ги реализира и конзерваторските  активности за заштита на музејот Робевци, летната сцена Долни Сарај и на ентеријерот на Галеријата на икони.

OhridNews

извор: Дневник