Спортската арена „Билјанини Извори“ во новата 2015 година ќе биде санирана и реконструира. Арената ќе добие нов паркет и две нови соблекувални, со што ќе се подобрат условите за спортски активности.
Реновирањето на арената е на врвот од листата задачи на Општината Охрид за 2015 година иако од ноември „Билјанини Извори“ остана без струја поради огромен долг кон ЕВН.
Со новиот буџет Општината Охрид за спортот во градот издвои 11 500 000 денари или 2 800 000 повеќе од минатата година.
Покрај реновирањето на „Билјанини Извори“ со парите од буџетот ќе се изградат две соблекувални на новиот стадион со вештачка трева.
Општината Охрид ќе ги поддржува водените спортови и развојните спортски настани во градот. Исто така од буџетот за Локалната самоуправа ќе ги наградува и стимулира најдобрите спортисти од Охрид.
Ohridnews