Оштетувањата на „Алтанин мост“ кои настанаа по континуираните врнежи од дожд и снег и надојдените води наскоро ќе бидат санирани.

-Причината за позначителните оштетувањта на овој мост, стручните лица од Секторот за комунални дејности при општина Охрид ги детектираат во надојдените води на река Коселска и поголемото оптоварување што го прават истите врз статиката на мостот. Санацијата на мостот ќе започне веднаш штом ќе дозволат временските услови, информираат од Охридската локална самоуправа.

Оттаму додаваат дека Кризниот штаб за справување со поплавите будно ја следи секоја ново-настаната ситуација и презема соодветни мерки за полесно справување со последиците.

OhridNews