Освен акцијата за збогатување на шумскиот фонд, со која е предвидено Ј.П.”Охридски Комуналец” да засади садници во зелениот појас на дел од магистралниот пат Охрид-Св.Наум, под мотото „ Засади дрво, биди шампион“, ЈП „Билјанини Извори“ на потегот од спортската сала покрај булеварот Туристичка ќе засади 3000 борови садници. Садниците ги обезбеди Ј.П.”Македонски Шуми”-подружница Охрид.
Учениците од дел од школите кои се на територијата на општина Охрид, пак ќе бидат вклучени во акцијата за пошумување на локациите Мауцкер и Горица.