Владата планира да донесе закон за решавање на проблемот со пензискиот стаж на земјоделците.
Премиерот Никола Груевски вчера изјави дека во наредните 10 дена трајно ќе биде решен проблемот на земјоделците за пензискиот стаж плаќан по законите од 1978 до 1988 година.
“Имаше барање од земјоделците за решавање на проблемот со нивниот стаж и на наредната седница на Владата ќе биде предложен закон со кој ќе се реши проблемот за нивниот пензиски стаж”, рече премиерот.
Според најавите предложениот закон во наредните 10 дена ќе биде поставен и на собраниска седница.
OhridNews