Секоја матичен лекар ќе добие список на акредитираните установи за одреден број на услуги кој го изработиле експерти од државава и според кој матичниот лекар ќе го упатува пациентот во која точно болница ќе оди.
Критериумите врз кои се категоризирани болниците се медицинската специјалност и бројот на специјалности, стручниот кадар и бројот на специјалисти, видот на здравствената услуга која ја нудат и комплексноста на услугите , опсегот на пружените услуги, подрачјето и просторните капацитети.
Доколку пациентот одбере да се лекува во болничка установа различна од онаа за која добил упат од матичниот лекар, сам ќе треба да си ги плати комплетните трошоци.
Секој регион ќе има по една болница па така пациентите од Скопскиот ќе одат во новата Градска болница, од полошкиот во тетовската,од југозападниот регион во Охрид и Струга, од пелагонискиот во Битола, од вардарскиот регион во велешката , од југоисточниот регион во Струмица, а од источниот регион во регионалната болница во Штип.
За услуги од најсложен карактер пациентите директно ќе бидат упатувани во Универзитетските болници во Скопје.
извор: Makfaks