Општина Охрид ќе продолжи со реконструкција на домовите на култура во руралните средини, најави градоначалникот Александар Петрески.

Оваа година ќе почнеме со изградба на домот во Трпејца и на тој начин не само што ќе може да ги користиме овие објекти за културни манифестации, туку исто планираме тие да имаат и свои содржини, изјави Петрески.

Тој најави дека целта е преку целата година да се одржуваат културни настани и во руралните средини со што ќе се збогати  и туристичката понуда на Охрид.

Ohridnewsd