Почнувајчи од денеска, во наредните неколку дена ќе започне промена на  дотраената дограма во ОУ „Григор Прличев“.

Наместо половина век старата дрвена дограма ќе бидат поставени алуминиумски прозори и врати. Покрај функционалноста и изгледот, со поставувањето на новата дограма ќе се заштеди во греење и ќе се зголеми безбедноста во училиштето, информираше раководството на ОУ „Григор Прличев“.

Поради градежните зафати во училниците во кои ќе се менува дограмата денеска нема да се одржи настава.

За обновувањето на дограмата во ОУ „Григор Прличев“ , УСАИД  донираше 20.000 $, а  поддршка училиштетот доби и од локлната самоуправа и родителите на учениците.

.

ohridnews