Министерството за животна средина и просторно планирање и месната заедница село Вапила го потпиша договорот за доделување средства од програмата за инвестиции на Министерството  за  2008 година. Средствата се наменети за финансирање  на проектот “Реконструкција и надградба на системот за водоснабдување на село Вапила“.


    “Овој проект е од големо значење за нашето село и околината затоа што ќе обезбеди подобрување на водоснабдувањето, особено во летните сушни месеци. Тоа е нешто што му беше неопходно на селата од овој појас.  Државниот секретар на Министерството за животна средина пред извесно време го посети нашето село и вети дека ќе се заложи за овој проблем, и тоа ветување , еве, е одржано “ – изјави Петар Климоски, претседател на Месната заедница Вапила.

Ohridnews.com