Жителите на селото Требеништа во иднина ќе добијат реконструирана водоводна мрежа. За таа цел надлежните служби во општина Дебрца деновиве објавија Јавен оглас за изработка за реализација на првата фаза од основниот проект за реконструкција на водоводната мрежа односно изградба на резервоар за вода.

Според огласот кој е објавен преку Електронскиот систем за јавни набавки, реализацијата на оваа фаза ќе чини околу30.000 евра или точно 1.863.798 денари.

Крајниот рок за доставување на понудите за изведба на овој проект е 1-ви јуни 2015 година.

OhridNews