Во првиот квартал на 2010 година, ќе започне реконструкцијата на улицата „Абас Емин“ која е една од најстарите и најфрекфентни улици во градот. За овој обемен комунален зафат, општината планира да потроши околу 20  милиони денари. Освен асфалтирањето на улицата ќе се реконструира и дел од водоводниот систем кој поминува во нејзината должина, а ќе бидат поплочени и уличните тротоари.


– Улицата „Абас Емин“ ќе се реконструира во целата должина, почнувајќи од пресекот со булеварот  „Туристичка“ па се’ до пресекот со булеварот.„Железничка“. Со реконструкцијата на  оваа  сообраќајница не само што ќе се реши еден од поголемите  проблеми на граѓаните кои живеат во овој дел од градот, туку и ќе се придонесе,  оваа улица да добие современ лик, кој треба да го имаат  сообраќајниците од централното градско подрачје.-велат од Општина Охрид.

Паралелно со реконструкцијата на оваа поголема сообраќајница, догодина, општината планира да реконструира и уште неколку други улици во Охрид.

Ohridnews