Покривната конструкција на Центарот за култура ” Григор Прличев ” ќе се  реконстуира целосно со средства  во висина од еден милион денари што ги одвои Министерството за култура од својот буџет.
   
Во тек е процедурата за средување на потребните документи и за распишување тендер.


ќе се препокрива Центарот за култура

   
Според директорката на оваа национална установа, Драгана Боцевска, се очекува Центарот да добие нов покрив до крајот на јуни годинава.” Санирањето на покривот беше најголемиот проблем со кој се соочувавме и во моментов сум задоволна што конечно ќе се реши”, вели за Охрид њуз, Боцевска.


Драгана Боцеска

   
По овој зафат, Боцеска најавува и други реновирања во Центарот за култура, со цел, вработените да имаат подобри услови за работа, а охриѓани да добијат културен центар каков што заслужуваат.

ohridnews